ШТО Е СТАНБЕН КРЕДИТ ?
Станбен кредит е заем од банка под одредени услови кој банката ги одредува. Овие кредити обично се наменски кредити со цел на купување и опремување на станбени објекти и се обезбедени со хипотека на недвижност.
Максималниот износ и рок за овие кредити е различно во зависност од банката која аплицирате. Обично се движат на износ до 200000еур и рок до 35 години. За разлика од другите кредити кај овие кредити според моменталната понуда на банката камата варира во периоди и истата е променлива според деловните политики на банките.
Со цел на зголемување на кредитната способност може да се вклучат и ко-кредитобаратели и тоа само членови на потесно семејство. Зависно од износот кој ќе аплицирате секоја банка има своја кредитна политика. Како ќе настапува за секој случај поединечно банката има право да бара обезбедување за кредитот и тоа во тип на жиранти/гаранти, солемнизација на договор за кредит кај нотар или пак осигурување на кредитот. Кај овие кредити постои можност за предвремено затварање, но за тоа треба да се провери договорот за кредит под кои услови и дали има пенали.
Документи потребни за кредит:
- Барање за кредит;
- Копија од важечка лична карта или пасош(доколку има кокредитобаратели или пак жиранти треба и нивна лична карта или пасош);
- Извод од банка за последни 3-6 плати;
- Потврда дека сте вработени(обично банките бараат да се во нивни обрасци, доколку има кокредитобаратели или пак жиранти треба и нивна потврда за работен однос);
- Имотен лист од недвижноста или ако се работи за нова градба предимотен лист и преддоговор за купопродажба;
Ние ги споредиме понудите од широк спектар на кредитори во државата!
Не секогаш најефтините понуди се најприфатливи!
