ШТО Е ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ ?

Потрошувачки кредит е заем од банка под одредени услови кој банката ги одредува. Во нашата држава максималниот износ се движи некаде околу 1.200.000 мкд (20.000 еур) со максимален рок на враќање на средствата до 120месеци или 10 години.

За сите кредити банките имаат право да одредат за секој кредитобарател колку максимално може да му се одобрува врз основа возраста и месечните приходи кој ги има секој поединец.

Со цел на зголемување на кредитната способност може да се вклучат и ко-кредитобаратели и тоа само членови на потесно семејство. Зависно од износот кој ќе аплицирате секоја банка има своја кредитна политика. Како ќе настапува за секој случај поединечно банката има право да бара обезбедување за кредитот и тоа во тип на жиранти/гаранти, солемнизација на договор за кредит кај нотар или пак осигурување на кредитот.

Документи потребни за кредит:

  • Барање за кредит;
  • Копија од важечка лична карта или пасош(доколку има кокредитобаратели или пак жиранти треба и нивна лична карта или пасош);
  • Извод од банка за последни 3-6 плати;
  • Потврда дека сте вработени(обично банките бараат да се во нивни обрасци, доколку има кокредитобаратели или пак жиранти треба и нивна лична карта или пасош);
  • Имотен лист од недвижноста;
  • Фактура за производ кој е предмет на купопродажба.

Ние ги споредиме понудите од широк спектар на кредитори во државата!

Ние работиме со повеќе кредитори, вклучувајќи ги и повеќето од големите брендови кои ќе ви помогнат да ги позајмите потребните средства.
Внимание!
Банките или пак институциите кои ги даваат кредите имаат право на промена на условите. Затоа ве молиме бидете внимателни во разгледување на податоците и носење одлука и проверете ги пресметките за кредити, можно е да има разлика од неажурирање на податоци. Во пресметките за кредити не се внесени трошоците за осигурување на кредит и нотарските трошоци.